Меси ја откри тајната за тетоважите: Светот се шокираше кога ја обои левата нога во црно! Конечно призна зошто го направил тоа (ВИДЕО)

Пред неколку години, аргентинскиот волшебник ги шокираше фудбалските фанови кога со шокантна тетоважа ја „украси“ левата нога која влеваше страв во коските на ривалите.

Поточно, Меси реши да ги прикрие старите тетоважи, па поголемиот дел од својата убиствена лева нога ја прекри со црна боја и остави само неколку значајни тетоважи, меѓу кои и бројот 10, рацете и името на неговиот син Тиаго и големата Барселона.

Во едно интересно видео интервју кое го даде во Америка, познатиот ас откри зошто го направил тоа.

Признал дека решил да си ја обои ногата црна бидејќи не му се допаѓала тетоважата што ја имал претходно, па ги оставил само оние за кои бил сентиментално врзан. Навивачите на Барселона особено ги воодушеви грбот на каталонскиот клуб кој сè уште е таму.

,,Ја направив таа тетоважа за да ја покажам мојата љубов кон клубот кој ме создаде. Тука е и топката, бројот 10 и Аргентина. Ги прикрив тетоважите кои искрено не ми се допаднаа. Затоа ја обоив ногата вака во црна боја и ги остави работите што ми се важни“, откри Меси.

Инаку, Аргентинецот на местото каде што големата црна точка сега ја прекри со крилја, цвеќиња и меч.

Лео има уште неколку тетоважи на телото кои се посветени на семејството и религијата.