Мета планира да им понуди платени верзии на Facebook и Instagram на корисниците во Европа: Еве зошто
И покрај тоа што го заснова својот бизнис на реклами и ги анализира корисничките податоци, Мета може да им понуди платени верзии на Facebook и Instagram на корисниците во Европа кои нема да имаат потреба да прикажуваат реклами.
Имајќи предвид дека Мета го заснова својот бизнис токму на нудење бесплатни услуги за социјално вмрежување и продавање на нивните податоци на компании кои сакаат да допрат до таа публика, опцијата за плаќање за да се избегне рекламирање би била вистински пример за тоа како е неопходно да се промени начинот на водење бизнис и да го приспособат во согласност со правилата за приватност на податоците на одредени пазари, како што е Европската унија.
Овозможувањето на корисниците да избираат помеѓу бесплатните и платените верзии на Facebook и Instagram може да ја ублажи загриженоста на Европската комисија за прекршување на правото на заштита на податоците според Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR), пренесува Bug.hr.
Сепак, се уште не е утврдено колку би требало да чинат платените верзии, ниту Мета дал официјално појаснување, пишува „Њујорк тајмс“.