Метју Лосон: Половина од нашите инвестиции во целиот Западен Балкан се во Македонија

Британскиот амбасадор во Република Македонија, Метју Лосон, го даде своето мислење за стратешкото партнерство и Меѓувладиниот договор – што тоа значи за односите меѓу Велика Британија и Северна Македонија.

„Мислам дека ова е навистина историски момент во нашите билатерални односи меѓу Велика Британија и Македонија. Како што слушнавте од премиерите, објавивме стратешко партнерство во чии рамки се потпишува договор меѓу владите, кој ги утврдува условите за поголема трговија од Обединетото Кралство со земјата“, нагласи амбасадорот Лосон.

Тој нагласи дека причината зошто го правиме ова е тоа што имаме Трговски договор со вас потпишан пред 5 години, но од двете страни постоеше став дека е соодветно време да се постигне стратешко партнерство за целата добра работа што ја работиме и да се постигне дополнителен напредок.

„Она што граѓаните ќе го видат е уште поблиска соработка со Обединетото Кралство по важни прашања, како партнери во НАТО ги обучуваме вашите вооружени сили за заедничко учество во НАТО, имаме фантастична соработка во сите области, од глобални прашања до надворешна политика, министерот за образование ќе биде во Лондон оваа недела на Светскиот форум за образование, па затоа гледаме можност за соработка во образованието, културата и секако продлабочување на нашата соработка во борбата против организираниот криминал и миграцијата“, рече Метју Лосон.

„Навистина, најдоброто го оставам за крај, како ваш втор најголем инвеститор, според вашите податоци, околу половина од нашите инвестиции низ целиот Западен Балкан се во Македонија и ова е дел од договорот меѓу владите за забрзување и продлабочување на веќе воспоставеното економско и трговско партнерство. „Ние како Велика Британија сме нација на слободна трговија и мислиме дека ова ќе му даде импулс – работиме напорно за да формираме Британска деловна асоцијација, имаме фантастичен список на бизниси тука кои веќе инвестирале и кои сакаат да го продлабочат нашиот однос“, рече Лосон.

Договорот меѓу владите што ќе го потпишеме оваа недела во Обединетото Кралство е дел од тоа пошироко партнерство и се надеваме дека ова дополнително ќе стимулира стотици милиони фунти инвестиции од значење за британската економија и стотици милиони фунти од значење за вашата економија, за што сум сигурен дека граѓаните ќе го видат, нагласи амбасадорот Лосон.