Метју Пери заработил вистинско богатство само од „Пријатели“: Еве кој ќе ги наследи милионите

Не бил оженет, ниту имал деца
Актерот Метју Пери почина минатиот викенд во својот дом во Лос Анџелес на 54-годишна возраст.

Веста за неговата смрт го потресе целиот свет, особено фановите на серијата „Пријатели“ во која се прослави со улогата на Чендлер Бинг. Токму во овој ситком тој заработи вистинско богатство кое се проценува на околу 90 милиони долари.

Поради огромната популарност на серијата, во текот на седмата и осмата сезона добивал 800.000 долари по епизода, а во текот на деветтата и десеттата сезона добивал милион долари.

Освен со глума, тој се занимавал и со недвижнини, а во последните неколку години продал четири вили од кои ниту една не вредела помалку од 10 милиони долари.


Познато е дека Метју не бил оженет, ниту имал наследници, а неговиот имот ќе го наследат неговите родители Џон Бенет Пери и Сузан Ленгфорд.