Мечката скокна во базен за да се избори со жештините (ВИДЕО)

Мечката прво била забележана како се шета низ населбата пред да реши да се разлади.

Полицијата во Бурбенк, Калифорнија, добила дојава дека мечка се разладува во базенот на семејна куќа.

Тогаш температурата во градот била околу 33 степени.

Надлежните служби напоменаа дека доколку граѓаните сретнат мечка, да не бегаат туку да се соочат со неа – да креваат врева и да се трудат да изгледаат поголеми отколку што се.

Како што наведоа, клучно е да се преземе акција и да се одбраните во случај на напад.