“МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА!“ – Генералниот секретар на ОН шокиран од ескалацијата на насилството во Појасот Газа по нападот на бегалскиот камп
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, е згрозен од ескалацијата на насилството во Појасот Газа, вклучително и убиствата на Палестинци, жени и деца, во израелските воздушни напади врз станбени области во густо населениот бегалски камп „Џабалија“, соопшти претходниот ден неговиот портпарол, Стефан Дијарик.
Тој вели дека генералниот секретар на ОН повторил дека сите страни мора да се придржуваат до меѓународното хуманитарно право, вклучувајќи ги принципите на дистинкција, пропорционалност и претпазливост.
„Тој остро го осудува убивањето на цивили“, изјавил Стефан Дијарик за новинарите.
Израел втор ден по ред изврши воздушни напади врз бегалскиот камп „Џабалија“ во Појасот Газа.
Како што соопшти палестинската медиумска агенција VAFA, во нападот се убиени и ранети десетици цивили. CNN јавува дека во нападот биле уништени неколку згради.
Видеото од местото на експлозијата ја покажува катастрофалната штета предизвикана околу длабок кратер во населбата Џабалија во Фалуџа.
Може да се видат и луѓе како копаат низ урнатините барајќи тела. Израелската Aрмија вчера изврши повеќе воздушни напади во Џабалија. Докторите констатирале дека има стотици жртви – мртви и ранети.