Меџити: Уставните измени се услов за можна коалиција по изборите

Претседателот на Демократското движење Изет Меџити изјави дека одобрувањето на уставните измени поврзани со Преговарачката рамка на Македонија со ЕУ ќе биде услов за евентуално коалицирање по парламентарните избори со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ.

Меџити во емисијата „360 степени“ рече дека за Албанците, но и за сите останати граѓани на Македонија, приоритет над приоритетите се евроинтеграциите, затоа нивниот став е јасен, правејќи ги уставните измени кои би го отвориле патот на земјата кон Европска унија.

Демократското движење, според него, по никоја цена нема да прифати да биде дел од влада која нема да има приоритет „почнување работа со евроинтеграциите“.

„Немаме друг избор, немаме друга алтернатива. Не се гледаме како дел од влада која нема да има евроатланска ориентација. Тоа го докажавме пред две години, со придонесот на Кастриот Реџепи, но и мојот, со тоа што успеавме да ја одржиме Македонија на евроатлантскиот пат“, рече Меџити.