Меџит: Не гледам потреба од предвремени парламентарни избори

Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, изјави дека не гледа потреба од предвремени парламентарни избори, кои би се одржале заедно со локалните избори во октомври.

Меџити вели дека парламентарното мнозинство е стабилно и сигурно.

„Што се однесува до мнозинството, тоа е стабилно, сигурно. Во историјата на Македонија, не знам за друга влада што имала толку голем број пратеници во поддршка на владата и политиките на владата. Ќе има избори, а тоа се локалните избори во октомври, каде што граѓаните ќе го оценат ВЛЕН како концепт, или Европскиот фронт од друга страна.“

„Постојат два политички концепта каде што граѓаните повторно ќе имаат плурализам, ќе имаат можност да изберат едното или другото, додека други избори, односно, не гледам ниту политичка потреба ниту потреба од бројки“, рече Меџити.