“МЕ ЗАМОЛИ ДА ГО ОДНЕСАМ ВО БЕЛГРАД“ – Се огласи адвокатот на Палчо: Еве што кажал монструмот откако ја убил Вања Ѓорчевска
Васко Стојков, адвокатот на Љупчо Палевски – Палчо, главниот осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска (14 г.) од Скопје и Панче Жежовски (74 г.) од Велес, во телефонски разговор за телевизија Телма вели дека – „не знаел дека тој е одговорен за убиството на девојчето“.
Тој вели дека Љупчо Палевски го замолил да го однесе во Белград на лекарски преглед бидејќи немал возило.
„Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи немал возило и не можел да најде нотар да го префрли возилото. Немав никаква врска со ова. Знам дека требаше да оди во Белград, кажа дека има закажано прегледи. Му кажав дека ќе го земам, ништо не знаев за убиството“, открил Васко Стојков во телефонски разговор за Телма.
Тој истакна дека се вратил во Скопје, а Љупчо Палевски останал во Белград бидејќи морал да биде прегледан.
„Остана во Белград затоа што следниот ден требаше да оди на прегледи и кажа дека ќе се врати ако се биде во ред. Ако не, тој кажа дека ќе оди во Истанбул. Кога се вратив, полицијата прво ме претресе и ме праша, а потоа им кажав се“, вели адвокатот Васко Стојков.
Тој вели дека не знаел ништо за убиството на Вања Ѓорчевска, чие тело беше пронајдено по седумдневна потрага.
Кога сфатил за што е осомничен Љупчо Палевски, адвокатот Васко Стојков му испратил порака да се врати и да даде изјава бидејќи се работи за сериозна работа.
Но, не сакал да открие дали и каков одговор добил, рекол дека кажал се во полиција, но оттогаш немал никаков контакт со Палчо, кој освен што му бил адвокат во одредени случаи, бил и негов пријател.
Васко Стојков објаснува дека имал добра намера да му помогне.
„Јас сум правник и да знаев нешто сигурно не би го криел“, заклучил Васко Стојков во телефонскиот разговор за Телма.