МЗШВ информира: “По барање на земјоделците до 14. јули се продолжува рокот за аплицирање за субвенции 2023“
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги информира земјоделците дека до 14 јули 2023 година се продолжува рокот за аплицирање за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, за растително и сточарско производство.
Земјоделците може да ги достават барањата секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на Министерството или електронски преку веб страницата на АФПЗРР – https://e-subvencii.ipardpa.gov.mk/perun/index.html
„Продолжувањето на рокот за аплицирање за субвенции 2023 е по барање на земјоделците, за да се излезе во пресрет на сите земјоделци кои досега не стигнаа навремено да аплицираат“, наведува МЗШВ.