МЗ во Газа: Бројот на жртви се зголеми за повеќе од 750 во засиленото израелско бомбардирање

 Во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас загинаа најмалку 6.546 лица, соопшти Министерството за здравство на таа територија. Меѓу загинатите има најмалку 2.704 деца, а 17.439 луѓе се ранети.

Бројот на жртвите денеска се зголеми за повеќе од 750 во однос на претходниот ден, бидејќи во последните 24 часа израелското бомбардирање наеднаш се засили.

Најмалку 1.400 луѓе беа убиени во Израел, од кои огромно мнозинство беа цивили, во првичните напади на Хамас на јужна израелска територија на 7 октомври.

Од почетокот на војната, повеќе од 5.400 луѓе се ранети, а околу 220 се заробени и одведени како заложници во Појасот Газа. Од минатиот петок четири жени се ослободени.