МИА: Променетa е регулативата за налепниците „НМК“ на возилата, рокот е одложен до 31 декември 2024 година

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до 31 декември 2024 година е продолжен рокот за поставување налепници со знакот „НМК“, поточно за промена на регистарските таблички со знакот „МК“ и оние без никаков знак.

Министерството за внатрешни работи нагласува дека тоа е дефинирано во измените на Уредбата за формата и содржината на пријавата за издавање на пробни таблички, формата и содржината на регистарските таблички и пробните таблички на возилата, како и начинот и постапка на нивно издавање, кои вчера (12.02.2024 година) беа објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

„Исто така, ги известуваме оние граѓани кои граничните полицајци ќе ги спречат да ја напуштат државата бидејќи поседуваат патна исправа со име „Република Македонија“, дека можат да побараат писмено известување за причините поради кои се спречени да ја напуштат државата. “ посочија од Министерство за внатрешни работи.