Милановиќ знаел дека новиот хрватски министер Хабијан е геј

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска во Сплит ги коментираше разголените фотографии на министерот Дамир Хабијан од Инстаграм и сите ги шокира со изјавата „дека знае дека новоименуваниот член на владата е геј и додаде дека нема ништо против тоа“.

„Во ред, Хабијан е геј“, изјави Милановиќ на новинарите и додаде дека и неговата сопруга отишла на Парадата на гордоста.

Претседателот на Хрватска рече дека Хабијан, кој неодамна беше избран за нов министер за економија и одржлив развој, живее нормален живот.

„Тоа се прашања за лична интимност, лични преференци, дали некој е хомосексуалец или не. Хабијан е геј. Тој живее нормално“, рече Милановиќ и повтори дека и новиот француски премиер е геј.