Миленковски нов селектор на македонската одбојкарска репрезентација

 Јошко Миленковски по една и пол деценија повторно ќе биде предводник на македонските одбојкарски репрезентативци.

– По 15 години Јошко Миленковски е повторно селектор на македонската машка сениорска репрезентација. Старо-новиот предводник на националниот тим, ќе ја предводи репрезентацијата во Европската лига што ќе се одржува во Скопје од 30 Август, објави Одбојкарската федерација на Македонија.

Миленковски е актуелен тренер на ПАОК од Солун, клуб со кој го освои Купот на Грција.