Милиони Италијанци заработуваат помалку од 11.000 евра годишно: Еве какви се платите во Италија

Околу 5,7 милиони Италијанци заработуваат помалку од 11.000 евра бруто годишно, соопшти денеска најголемиот италијански синдикат, левичарската асоцијација на синдикати (CGIL).

Просечниот национален доход на италијанските домаќинства во 2022 година изнесувал 31.500 евра бруто, што е многу помалку отколку во Германија (45.500) и Франција (41.700), се наведува во соопштението на CGIL, пренесува АНСА.

Ниските плати во Италија беа под влијание на високата стапка на ангажман на неволните работници со скратено работно време (57,9 проценти), што е највисока стапка во еврозоната, како и високата стапка на вработени на привремени и повремени работни места (16,9 проценти) со висок работен дисконтинуитет, според извештајот на CGIL.