„МИЛИЈАРДЕРКА ОСУДЕНА НА СМРТ“ Најспектакуларното судење во историјата на Виетнам: Групата ограбила една од најголемите банки во земјата
Виетнамската милијардерка инвеститорка Труонг Ми Лан осудена е денеска на смрт во градот Хо Ши Мин поради банкарска измама од повеќе од една милијарда долари.
Труонг Ми Лан која што има кинеско потекло е осудена затоа што предизвикала огромни штети врз банкарскиот систем на Виетнам, а само во една од најголемите виетнамски банки Шајгонска комерцијална банка направила измама вредна 44 милијарди долари преку кредити земени во период од 11 години.
Трунг Ми Лан ги негираше обвиненијата во огромен судски процес кој го организираше Виетнам против 67-годишната инвеститорка.
Обвинителите повикале над 2.700 лица да сведочат на судењето во кое биле вклучени 10 државни обвинители и над 200 адвокати. Доказниот материјал се наоѓал во 104 кутии тешки 6 тони.
Ми Лан беше судена затоа што преку банкарски кредити извлекувала и префрлала пари на ткнр. дух-компании кои биле отварани со цел да се избегне контролата врз парите од кредитите. Според проценките на обвинителите, со финансиските измами таа успеала да купи недвижности и друг имот во вредност од 3% од БДП на Виетнам. Обвинителите досега заплениле над 1000 недвижности на осудената милијардерка.
Покрај Труонг Ми Лан им се суди на уште 85 лица, а уште 13 други се соочуваат со пресуда на смртна казна.
Труонг Ми Лан исто така е осудена за подмитување затоа што плаќала милиони долари на надлежните за да не ги проверуваат нејзините кредити. Обвинета е и поранешна главна инспекторка во централната банка,која што се соочува со доживотен затвор поради земање мито од 5 милиони евра.