Милошоски: За дневно-политичките коментари на Пендаровски

Пендаровски ако не може или не сака да ѝ помага на Македонија, барем нека не ѝ одмага.

1. Пендаровски во 2020 зборуваше дека е “ван памет„ да се зборува за промена на македонскиот Устав во контекст на бугарското вето; тврдеше дека ги има сите информации од средбите со официјални лица од Бугарија и дека такво барање за Уставот не било ставено на маса. Потоа наведна глава пред потписот на Бујар Османи и стана главен промотор за смена на Уставот на Македонија.

ЗАТОА, проценките на Пендаровски треба да се земаат со голема резерва , бидејќи немаат доследност, а имаат повеќе оговарачка, отколку аналитичка основа!

2. Тоа што Пендаровски јавно пласира навреди за САД и за нивниот новоизбран претседател може да се смета и како имплицитен став на СДСМ, но и како слобода на говорот. Сепак, владата на секоја демократска држава, во случајов САД, е прашање на избор на американските граѓани и Пендаровски, без разлика што е близок со тимот на Сорос, нема право да го оспорува демократскиот легитимитет на претседателот и владата на САД.

3. Македонија и САД во 2008-ма потпишаа документ за стратешко партнерствои тој взаемно-корисен однос треба да се одржува и продлабочува, без разлика на менувањето на владите и претседателите во двете земји. Затоа Пендаровски, ако не може или не сака да И помага на Македонија на меѓународен план, барем нека не И одмага, како во времето кога главни советници за надворешна политика му беа Фрчкоски, Ана Чупеска и Артан Груби, како експерт за пари и ресурси !