Министерката Петровска ги посети војниците кои ќе заминат на помош во Словенија

По одлуката за испраќање 100 припадници на северномакедонската армија на помош во Словенија, министерката за одбрана Славјнака Петровска и генералот Васко Ѓурчиновски ги посетија војниците кои се подготвуваат за Словенија во касарната „Страшо Пинџур“.

Петровска им порача на војската дека во тешки времиња се наоѓаат вистински пријатели и сојузници.

„Словенија е еден од најблиските сојузници и и требате вие, вашата посветеност и професионализам. Со вашата волја да одите и да покажете дека сте бранител не само на граѓаните на Македонија, туку и на граѓаните на сите сојузнички земји“, им порача министерката Петровска на војниците.

Таа додаде дека Македонија и Словенија се две пријателски земји.

Инаку, претседателот Стево Пендаровски вчера изрази подготвеност да понуди помош за помош на Словенија по врнежите што се случија таму.