МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА ИЗРАЕЛ НАЈАВИ НОВА ОФАНЗИВА – Армија наскоро ќе оперира на југот од Појасот Газа !?

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант, денес најави дека израелските вооружени сили (ИДФ) „наскоро“ ќе оперираат на југот на Појасот Газа.

Ние сме во втората фаза од копнената инвазија, дејствуваме и на истокот на градот Газа. Хамас е силно погоден, губи тунели, бункери, а многу од неговите високи команданти се убиени“, порача Јоав Галант на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот во воената Влада Бени Ганц

Тој додаде дека ИДФ стигнува до сите локации поврзани со Хамас, пишува Times of Israel.

Секој ден има се помалку простор за движење на терористите на Хамас. Оние кои се кријат на југот на Појасот Газа, каде ИДФ допрва треба да испрати копнени трупи, тоа наскоро ќе го почувствуваат“, вели Јоав Галант.

Тој изјави дека секоја недела се среќава со семејствата на заложниците и нагласи дека нема поголем приоритет од враќањето на заложниците дома.