По Ненад, во Истанбул е уапсен и Кристијан! Специјалци, вооружени до заби, влетаа во замокот, убивајќи ги водачите на картелот „Балкански крилја“

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, соопшти дека во Истанбул е уапсен уште еден хрватски државјанин врз основа на потерница од Интерпол.

Станува збор за Кристијан Палиќ, кој е осомничен дека е еден од водачите на „западнобалканското крило“ на меѓународниот нарко картел .

Сина потерница на Интерпол за Палиќ издаде Бразил и неколку европски земји.

Утврдено е дека Палиќ бил еден од водачите на картелот задолжен за снабдување на Европа со кокаин од Јужна Америка и дека соработувал со картели кои дејствувале во Европа, воспоставил врски со криминални организации во Јужна Америка и играл важна улога во перењето пари добиени од криминал.

Кристијан Палиќ извесно време бил следен од турските власти, а бил уапсен во акција под кодно име КАРТЕЛ-3 во Бешикташ.

– Би сакал нашата драга нација да знае дека ние сме решени да ја ослободиме Турција од националните и меѓународните организирани криминални групи и трговците со дрога и со ваша поддршка ќе успееме – напиша Јерликаја на социјалните мрежи.

-Им честитам на нашите херојски полицајци кои ја спроведоа акцијата. Молитвите на нашиот народ се со вас – рече министерот.