ФОТО | СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО БУГАРИЈА – Обилните врнежи од дожд и снег предизвикаа хаос, а две лица загинаа

Во Бугарија две лица ги загубија животите во невреме што зафати големи делови од земјата, при што силниот ветер, дожд и снег предизвикаа сериозни штети и го прекинаа снабдувањето со електрична енергија на градовите и селата, соопштија денес властите.

Жителите на источна Бугарија, која беше најтешко погодена од невремето, велат дека никогаш не доживеале вакво невреме.

Во Варна, град на Црното Море е прогласена вонредна состојба, а властите предупредија дека невремето претставува ризик за жителите.

Бугарија, снег

Во тој град дошло до прекин на снабдувањето со електрична енергија, а патиштата се блокирани.

Полицијата синоќа соопшти дека маж загинал откако неговото комбе удрило во паднато дрво на главниот булевар во главниот град Софија, додека една жена загинала во Варна кога врз неа паднала дрво.

Бугарските метеоролози денес издадоа предупредувања за опасно време за поголемиот дел од источна Бугарија, со удари на ветер до 125 километри на час.

Се очекува обилните врнежи од дожд да преминат во снег поради падот на температурата.