Светот го чека потегот на Путин! Русија има историска шанса да го избрка НАТО од стратешки важен дел на планетата!

Русија би можела да ја искористи ранливоста на НАТО на Арктикот за да добие поголема контрола врз регионот, пишува колумнистот Александар Греј во напис за Форин полиси.

„На северното крило на НАТО, особено во Арктикот и соседните области, сè уште постои загриженост за значително непочитување на нивните обврски од страна на голем број клучни членки на алијансата“, се наведува во написот.

Новинарот тврди дека НАТО треба да ги принуди своите членки на северот да го ограничат пристапот на Русија и Кина до Арктикот, бидејќи тие добиле поголемо влијание во регионот и можат да го користат против незаштитеното крило на алијансата, бидејќи нејзиното воено присуство во таа површина е минимална.

„САД и нивните сојузници во НАТО имаат обврска да преземат превентивни мерки за отстранување на овој проблем пред Русија на Владимир Путин да го искористи тоа“, заклучи Греј.

Претходно „Фајненшл тајмс“ пишуваше за стравувањата на западните земји дека Русија може да го зголеми своето влијание на Арктикот и да добие слободен пристап до богатите природни ресурси на регионот.

Во 21 век, Арктикот станува една од главните арени на геополитичка борба, поради големите резерви на нафта, природен гас, метали и минерали, а обезбедува и нови водни патишта низ светот. Истражувањето на нови локации е во тек.

Според американските истражувања, Арктикот поседува потенцијални 20 отсто од светските резерви на нафта. Тоа е повеќе од 110 отсто од преостанатите руски, 340 отсто од американските и 1.600 отсто од норвешките нафтени резерви. Се проценува дека под мразот има и огромни резерви на природен гас, повеќе од 100 отсто од руските и 500 отсто од американските резерви. Околу 90 отсто од резервите на нафта и гас на континентална Русија се наоѓаат во нејзиниот дел од Арктичкиот круг. Арктикот е исто така богат со злато, сребро, дијаманти, бакар, железо, никел, титаниум, ураниум и ретки метали, од кои некои се неопходни за современите технологии.

На Арктикот претендираат САД, Русија, Норвешка, Данска, Канада и членките на Европската унија, а на прво место САД и Русија. Помеѓу овие земји сè е спорно, од количината и распределбата на ресурсите, до правото на користење водни патишта и граници. Ова доведе до зголемување на военото присуство на Арктикот. Норвешка формира арктички баталјон, а Русија веќе создаде арктичка армија. Мразокршачите се потребни и за потфати на Арктикот, од кои Русија има дури 54. САД имаат четири, помалку од Финска, Канада и Шведска. Изградбата на мразокршач чини околу една милијарда долари, а трае од пет до десет години.