Им беше кума на свадбата со Кариќ а сега не зборуваат! Вака денес изгледа кумата на Јелена Карлеуша – убавата манекенка сите ја знаете (фото)

Ивана Кукриќ, една од најубави и најуспешните српски манекенки, покрај кариерата е позната и како кума на Јелена Карлеуша.

Во младоста и’ беше најдобра пријателка на Карлеуша, а и беше и кума на нејзината свадба со Бојан Кариќ во септември 2004 година. Тие две пораснаа заедно, за што и двете зборуваа претходно, а порано беа и многу блиски.

Подоцна нивните односи се заладија, но ниту една од нив не зборуваше за тоа. Така Ивана не беше поканета на втората свадба на Јелена, со Душко Тошиќ. Тие две сега не се ни следат на социјалните мрежи. Убавата манекенка ја видовме и во спотот на Здравко Чолиќ за песната „Злосторство и казна“.

Ивана одамна не се експонира во јавноста, но сè уште е згодна. Bо 2018 година ја исполни улогата на мајка и роди мало девојче.