Министерот за одбрана на Израел се закани: “Хамас, предадете се или умрете!“

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант, денес во изјава и порача на милитантната група Хамас да се предаде или да умре.

Нема трета опција“, рекол тој за време на посетата на базата на воздухопловните сили во јужен Израел

Јоав Галант претходно вети дека Израел ќе го собори Хамас и ќе ги избрише неговите воени способности.