Владата, на предлог на Министерството за здравство, на денешната 147. седница ја разгледа и усвои и Информацијата за давање согласност, за преземање обврски за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во наредните три години, на Министерството за здравство, за набавка на систем за следење (мониторирање) на гликоза.
Како што информираат од владината прес-служба, станува збор за систем за следење (мониторирање) на гликоза, базиран на сензори, наменет за пациенти со тип 1 дијабетес, за период април 2023 до април 2025 година.
-Обезбедувањето на ваков систем за следење (мониторирање) на гликоза (CGMs), за најмладите лица со дијабетес во државава, ќе помогне за едноставно и 24-часовно, безболно, мерење на гликемијата, што според наведеното во Информацијата на Министерството за здравство, придонесува за значително подобра гликемиска контрола и намалување на ризиците од долгорочни компликации. Исто така, во обезбедувањето на овој систем (CGMs), е предвидено да бидат и опфатени и бремените жени, слепи лица и лица со коморбидитети во понапредната фаза, се посочува во владиното соопштение