Министер од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху зборуваше за фрлање нуклеарна бомба врз Појасот Газа !?

Израелскиот министер за наследство на Ерусалим, Амихаи Елијаху, во неделата изјави дека употребата на нуклеарно оружје во Појасот Газа е „една од опциите“, пренесуваат израелските медиуми.

Говорејќи во интервју за едно радио, екстремно десничарскиот министер вели дека „нема неборци во Појасот Газа“ и додаде дека обезбедувањето хуманитарна помош за Појасот Газа би било „неуспех“.

Бидејќи според неговото мислење има само борци во Појасот Газа, на прашањето дали е опција нуклеарен напад врз Појасот Газа, тој одговори:

Тоа е еден начин“.

Премиерот на ИзраелБенјамин Нетанјаху, веднаш реагираше на неговите зборови и кажа дека коментарите на Амихаи Елијаху се „одвоени од реалноста“ и дека Израел и ИДФ постапуваат во согласност со меѓународното право за да избегнат штета на цивилите.

Подоцна во неделата наутро, канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху објави дека Амихаи Елијаху е суспендиран од состаноците на Владата до понатамошно известување.

Лидерот на опозицијата, Јаир Лапид, од своја страна, повика на разрешување на министерот.

Присуството на радикали во Владата ни се заканува нам и на целите на војната – да го победиме Хамас и да ги вратиме сите заложници“, напиша Јаир Лапид на социјалната мрежа X (Твитер), додавајќи дека Бенјамин Нетанјаху мора да го отпушти Амихаи Елијаху веднаш.

Министерот за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, водач на партијата Оцма Јехудит на која припаѓа Амихаи Елијаху, вели дека разговарал со министерот кој му објаснил дека зборува „метафорично“.

И израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, се осврна на изјавите на Амихаи Елијаху и ги нарече „неосновани“ зборовите, додавајќи дека – „добро е што овие луѓе не се задолжени за безбедноста на Израел“.

Според извештајот на Хамас, од саботата во Појасот Газа се убиени 9.488 луѓе, главно цивили.

Според израелските власти, најмалку 1.400 луѓе загинале на израелска страна, од кои повеќето биле цивили убиени на 7. октомври.

Најмалку 345 израелски војници се убиени од 7. октомври, според армискиот извештај.