За сите љубители на пекарски ролати имаме добра вест – нивното подготвување воопшто не е толку комплицирано. Овој рецепт навистина одзема малку повеќе време, но на крајот ќе вреди, бидејќи ќе имате опција да зголемите или намалите некои состојки по ваш вкус.
СОСТОЈКИ:
- брашно – 1 кг
- млеко (млако) околу 1 dcl
- вода (млака) – околу половина литар
- квасец – две пакувања
- маргарин – околу 100 гр
- сол – две мали лажици
- шеќер – две мали лажици
- оцет – една мала лажица
Првиот чекор е да го ставите квасецот во чаша, потоа да додадете шеќер и мала лажица брашно.
Сега сето тоа прелијте го со млако млеко, а потоа оставете го да отстои околу десет минути. На квасецот му треба малку време да се активира, а кога тоа ќе се случи, истурете оцет и стопен маргарин во сад со млака вода.
Во садот во кој се наоѓа брашното истурете го квасецот со млекото и водата со оцетот, па месете додека се убаво да се соедини.
Откако тестото ќе почне да се одвојува од садот, покријте го и оставете го да одмори околу еден час. Потоа промешајте, па оставете уште половина час.
Обликувајте десетина поголеми или петнаесет помали кнедли, па оставете ги да отстојат уште 10-15 минути. Потоа земете сукало и направете направете облик.
Сега е време да ги редите кифличките во плех во кој претходно ќе ставите хартија за печење, а потоа повторно да ги покриете. Потоа вклучете ја рерната на 250 степени, а по десетина минути премачкајте ги кифличките со вода и ставете ги во рерна.
По ваш вкус можете да посолете и да ги извадите од рерна по дваесетина минути.