МИСИЦА УБИЕНА СРЕДЕ БЕЛ ДЕН! Ужас во ресторанот: Морничав момент фатен на камера, а потоа откриен уште еден шокантен детал (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Грозоморниот момент кога девојка од Еквадор е убиена од вооружени напаѓачи во ресторан во Кеведо среде бел ден, е снимен на надзорна камера.

Шокантна снимка покажува двајца вооружени напаѓачи како упаднале во ресторан во неделата додека Ланди Парага Гојбуро (23) и друг маж стојат покрај масата. Додека парот стоел и разговарал, се гледа дека жената гледа кон вратата, додека напаѓачот влегол во ресторанот.

Поранешната натпреварувачка за Мис Еквадор потоа се сврте кон човекот со кој разговараше, пред напаѓачите да почнат да ги напаѓаат со оружје во рацете, пишува „Дејли мејл“ . Додека еден од маскираните напаѓачи стоел до вратата од ресторанот, другиот брзо отворил оган, пукајќи во Парага и мажот, пред да испука уште еден куршум кон жената додека таа лежела на земја.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Напаѓачите потоа избегале низ вратата на улица. Поранешната манекенка е видена како лежи на земја во локва крв, со видлива рана од куршум на десната бутина.

Во тек е полициска истрага, пишува „Дејли мејл“.

Мисица спомната во друштво на дилери на дрога

Парага беше поранешна натпреварувачка за Мис Еквадор и ја претставуваше провинцијата Лос Риос во 2022 година. Таа има над милион следбеници на социјалните мрежи. На само 23 години, таа стана сопственик на компанија за увоз на предмети за домаќинството и води сопствена линија на спортски чевли.

Додека на социјалните мрежи го покажуваше луксузниот живот што го водеше, надвор од прикажаниот сјај се крие помрачна вистина. Нејзиното име е споменато во декември 2023 година во разговорот објавен од канцеларијата на јавното обвинителство како дел од големиот случај на организиран криминал што го истражува.