Мисијата на Starlink се остварува – новите сателити кои се очекува да бидат лансирани ќе доставуваат сателитски и интернет услуги на мобилни уреди

Компанијата за вселенска мисија на Илон Маск, SpaceX, планира да лансира уште една серија од сателитите Starlink (сателитска интернет услуга), а лансирањето се очекува во раните утрински часови во сабота.

Испораката на 21 сателит ќе се врши преку двостепената ракета Falcon 9, но оваа мисија ќе биде поуникатна, пишува Telegraph.

Тоа е затоа што шест од сателитите Starlink ќе обезбедат директна комуникација и пристап помеѓу мобилните уреди.

SpaceX наведува дека новата функција ќе им овозможи на мобилните мрежни оператори ширум светот да обезбедат непрекинат глобален пристап до основните комуникациски услуги.

Ова вклучува испраќање пораки, повикување и прелистување. Во основа, тоа значи дека луѓето со редовни мобилни уреди (паметни телефони) ќе можат директно да се поврзат на сателитската мрежа Starlink, проширувајќи ја покриеноста на мобилните услуги.

„Сателитите ќе им овозможат на мобилните мрежни оператори ширум светот да обезбедат непрекинат глобален пристап до пораки, повикување и прелистување каде и да сте на копно, езера или крајбрежни води“, објави SpaceX.