Уапсен Македонец кој пред 24 години извршил страшно злосторство во Швајцарија – 65-годишниот човек бил откриен случајно, а се соменва дека бил припадник и на ОВК!

Маж по потекло од Северна Македонија е осуден во швајцарскиот град Била за убиство извршено пред 24 години.

Судот го осудил Македонецот (65 г.) на 18 години и три месеци затвор за убиство и обид за убиство при грабеж во јуни 1999 година.

Швајцарските медиуми потсетуваат дека група од четворица мажи таа вечер упаднале во куќата на едно семејство и им ставиле лисици на парот и нивниот син, кој тогаш имал 14 години. Двата постари сина на парот во тој момент не биле дома. Напаѓачите биле маскирани и вооружени, а еден од нив ги мачел врзаните родители и нивниот син.

Кога двајцата постари синови на двојката ненадејно се вратиле дома, напаѓачите испукале најмалку четири куршуми, при што едниот брат го убиле, а другиот тешко го раниле. Напаѓачите потоа побегнале.

Единствената ДНК трага водела до осудениот Македонец. Инспекторите за осомничениот дознале случајно дури во 2015 година, кога пријавил упад во неговиот киоск во Берн. Неговата ДНК трага потоа се совпаѓала со ДНК пронајдена на местото на злосторството Била.

Бруталното злосторство ја потресе цела Швајцарија и со години се сметаше за нерешен криминален случај.

Осомничениот од самиот почеток негирал вмешаност во грабежот, а неговиот бранител побарал ослободителна пресуда, тврдејќи дека ДНК анализата е сомнителна. Но, Јавното обвинителство смета дека е докажана вмешаноста на Македонецот во грабежот и побарале затворска казна од 18 години.

Заднината на грабежот останува се уште нејасна.

Во текот на истрагата, полицијата добила информации дека кривичното дело може да се заснова на нелегална трговија со оружје меѓу двајца синови на семејството и поранешни активисти на терористичката Ослободителна Војска на Косово (ОВК).