„Мислењата се поделени за Новак, тој никогаш нема да биде популарен како Рафа или Роџер – опсесивен е“

Поранешната најдобра дубл играчка на светот, Рене Стабс, изјави дека и се восхитува на упорноста на Новак Ѓоковиќ и на тоа што тој никогаш не се откажува.

Поранешната австралиска тенисерка е коментатор на ESPN, а не е тајна дека српската тенисерка не е меѓу нејзините миленици.

„Ѓоковиќ е фигура за која луѓето имаат измешани мислења, но за мене како поранешен професионалец и некој кој гледа тенис долго време… Само треба да бидеме восхитени од неговата способност никогаш да не се откаже. Тој е немилосрдen“, рече Стабс .

Таа го спореди со другите двајца членови на т.н голема тројка и истакна дека никогаш нема да биде популарен како Надал и Федерер.

„Мислам дека и Роџер и Рафа беа персонификација на желбата за победа, но Новак е опсесивен во таа смисла, и тоа се гледа. Тој сака да ги постигне најдобрите можни бројки бидејќи знае дека никогаш нема да биде толку популарен во светот како Роџер и Рафа“, заклучи таа .