МИСТЕРИОЗЕН ПАД НА СРБИНКА ОД 30 МЕТРИ: Жената во критична состојба по несреќата во Швајцарија, еве што останало од БМВ-то! (ФОТО)

Во четвртокот рано наутро, нешто по три часот, сино БМВ во кое се наоѓале Србинка и двајца Македонци, од засега непознати причини удрило во заштитната ограда на мостот во Швајцарија. Сепак, уште позбунувачки е тоа што Србинката по несреќата паднала од височина од 30 метри и преживеала.

Според швајцарските медиуми, таа е пренесена во болница и нејзината состојба е критична. Инцидентот се случил на мостот Луцелмург во Мацинген во кантонот Тургау.

Според полицијата, возилото удрило во заштитната ограда на мостот, а потоа се превртело преку двете коловозни ленти, се судрило со десниот ѕид од мостот и застанало.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека предниот дел на возилото е целосно уништен. Сепак, уште позбунувачки е фактот дека млада Србинка (24) по сударот паднала од височина од 30 метри.

Таа се здобила со сериозни повреди и била пренесена во болница. Се наоѓа во специјална клиника.

„Злосторство не може да се исклучи. Истрагата е во полн ек“, изјави Матијас Граф, портпарол на кантоналната полиција Тургау.

Во синото БМВ се наоѓале Србинка и двајца мажи од Македонија, а според Граф, врската меѓу тројцата се истражува. Во петокот полицијата уапси двајца Македонци (38 и 41), кои живеат во Швајцарија.

Во меѓувреме, надлежните ги повикаа сведоците на несреќата или падот од мостот да контактираат со нив и да кажат што виделе. Се додава дека автомобилот е сино BMW M5.