Мистериозната смрт на девојчето: Сара е пронајдена мртва во куќата, чичкото тврди дека паднала по скали, но обдукцијата ја покажала страшната вистина

Мистериозната смрт на 10-годишно девојче со денови ја бранува англиската јавност. Сара Шариф беше пронајдена мртва во својот дом во Вокинг, Сари, откако нејзиниот татко повикал полиција од Пакистан на 10 август.

Урфан Шариф (41), неговата партнерка Беинаш Батул (29) и неговиот 28-годишен брат Фајсал Малик се верува дека претходниот ден отпатувале од Обединетото Кралство во Исламабад со нивните пет деца, а полицијата трага по нив за испрашување.

Се

È уште не е позната точната причина за смртта на Сара, но обдукцијата покажала дека Сара има бројни тешки повреди кои најверојатно настанале во подолг временски период.

Братот на мажот кој се бара за смртта на неговата 10-годишна ќерка, изјавил на полицијата во Пакистан дека Сара паднала по скалите и го скршила вратот.

Чичкото на Сара, Имран Шариф, моментално е во полиција на сослушување, дознава Скај њуз. Тој тврди дека не го видел својот брат Урфан Шариф, кој има уште пет деца на возраст од една до 13 години.

„Родителите ми рекоа дека Урфан на кратко дошол дома многу вознемирен. Постојано велеше дека ќе му ги одведат децата. Беинаш бил дома со децата. Сара паднала по скалите и го скршила вратот. Беинаш потоа во паника го повикал Урфан”, наводно, Имран и’ рекол на пакистанската полиција.

Полицијата во Сари сè уште апелира за информации за смртта на Сара и би сакала да разговара со секој кој го познава девојчето или нејзиното семејство.