Мистериозна појава на небото една минута пред затемнувањето! Мрежите ,,горат” поради видео од Тексас: Се обидува да пројде низ облаците (ВИДЕО)

Маж од Тексас во понеделникот снимил мистериозен летечки објект само неколку минути пред целосното затемнување на Сонцето!

Необична сцена е снимена во Арлингтон.

На видеото се гледа мистериозен објект кој одеднаш се појавил на небото, а потоа со голема брзина исчезнал во облаците. Неколку граѓани не можеа да поверуваат што видоа на небото.

– Нешто се обидува да се пробие низ облаците – вика еден од нив.

– Што беше тоа – довика другиот.

За десет часа видеото имаше повеќе од 11 милиони прегледи и 3.500 коментари.

– Црвена тревога! Ново видео од НЛО забележано над Арлингтон, Тексас за време на затемнувањето на Сонцето штотуку се појави и луѓето се чудат бидејќи се чини дека исчезнува во облаците – напиша корисникот Мет Валас.

Снимката покрена бројни теории.

Многумина шпекулираа дека видеото покажува НЛО, додека други сугерираа дека тоа е само сенка на авион што лета над облаците за време на затемнувањето.

– Вонземјаните сакаат да ги посетуваат Соединетите Американски Држави – се пошегува еден корисник.

– Тоа е сенка на авион- додаде друг корисник.

Целосното затемнување на Сонцето, да потсетиме, привлече големо внимание, а беше видливо ширум САД, Мексико, Канада…