МИСТЕРИОЗНА СМРТ НА МОЌНИОТ ГЕНЕРАЛ КОЈ ГИ ЗНАЕШЕ ВАЛКАНИТЕ ТАЈНИ НА ВЛАДИМИР ПУТИН – На Генадиј Лопирев ненадејно му се ‘слошило’ и починал за 24 часа

Познатиот руски генерал кој чуваше тајни за палатата на Владимир Путин во Црното Море, вредна една милијарда фунти, мистериозно почина во затвор, јавуваат светските медиуми.

Според информациите, на генералот Генадиј Лопирев (69 г.) во понеделникот ненадејно му се слошило, а докторите му рекле дека му е дијагностицирана леукемија.

Сега во пошироката светска јавност постојат сомнежи дека тој бил отруен токму кога добил право на условен отпуст.

Во 2017 година, воениот суд го осуди генералот на десет години затвор, обвинувајќи го за примање мито и нелегално поседување муниција, што тој тоа секогаш го негираше.

Додека служеше во Федералната служба за безбедност, тој лично ја надгледуваше изградбата на гигантската палата „Геленџик“ на Владимир Путин, приватна резиденција наводно изградена со државни пари.

Тој беше одговорен и за официјалната резиденција на Владимир Путин во Сочи.

До неговото затворање, тој беше еден од најблиските безбедносни соработници на Владимир Путин, а беше виден со рускиот претседател и тогашниот британски премиер Тони Блер во Москва во 2002 година.

Смртта на Генадиј Лопирев доаѓа откако уште еден руски генерал, кој ја водеше инвазијата на Украина додека Владимир Путин не го „збриша“, исто така имаше сомнително ненадеен крај оваа недела.