ОДРЕДЕН Е ДЕНОТ ЗА ПОЧЕТОК НА ВОЈНАТА ВО НИГЕР !? Африка на нозе – распоредени воени авиони: “Само чекаме наредба за напад!“

Блокот на западноафриканските земји ЕКОВАС е подготвен за воена интервенција во Нигер доколку се издаде таква наредба.

Комесарот за политички прашања на организацијата, Абдел Фату Муса, по дводневниот самит на министрите за одбрана на Западна Африка во Акра изјави дека денот за интервенција е избран, но дека ЕКОВАС нема однапред да соопшти кога ќе биде.

Воената интервенција не ни е омилена опција, но должни сме да ја направиме поради нигериската хунта“, изјави Абдел Фату Муса.

Тој изјави дека интервенцијата во Нигер ќе биде „краткотрајна“ бидејќи нејзината цел би била враќање на уставниот поредок. Тој исто така додаде дека земјите од ЕКОВАС не планираат да водат „бесконечен дијалог“.

Буркина Фасо и Мали распоредија воени авиони во Нигер како знак на солидарност со земјата каде минатиот месец беше извршен воен удар и за да помогнат во одбивањето на можна агресија, објави нигерскиот ТВ канал RTN.

На овој начин двете земји ги спроведуваат своите обврски наведени во заедничката декларација за солидарност со Нигер. Владите на Буркина Фасо и Мали, да потсетиме, ја изразија својата солидарност со народот на Нигер на 31. јули, предупредувајќи дека двете земји секоја можна воена интервенција во Нигер ќе ја сметаат како објава на војна и против нив.

Леонардо Сантос Симао, специјалниот претставник на Обединетите нации за Западна Африка и Сахел, отпатува во Нигер за да разговара за изгледите за решавање на кризата по воениот удар.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дијарик, вели дека Леонардо Сантос Симао се очекува наскоро да пристигне во главниот град на Нигер, Ниамеј.

Планира да се сретне со Националниот совет за спас на татковината. Тој останува во контакт со претставниците на ЕКОВАС, односно заинтересираните страни во Нигер и другите заинтересирани страни за да се реши проблемот брзо и мирно“, изјавил Стефан Дијарик на брифингот со новинарите.

На крајот на јули Армијата на Нигер на националната телевизија ја објави веста за соборувањето на претседателот Мохамед Базум од власт.

Повеќето западни лидери и регионалната организација ЕКОВАС го осудија пучот.

На почетокот на август, учесниците на итниот состанок на началниците на Генералштабовите на вооружените сили на земјите од ЕКОВАС, одржан во Абуџа, усвоија план во случај на воена интервенција во Нигер.