Мистерија во Хаваи: Сè е изгорено, насекаде има пепел, само една куќа остана недопрена (ФОТО)

Само една куќа во станбен блок во Западен Мауи необјасниво преживеа и остана главно недопрена – бидејќи речиси секоја зграда во областа изгоре до темел по минатонеделните разорни шумски пожари.

Новите фотографии ја прикажуваат двоспратната куќа со бели ѕидови и црвен покрив чудесно недопрена среде апокалиптичното пустошење што ја опкружуваше.

Градината на куќата покрај океанот, исто така, се чини дека задржала привид на зеленило за разлика од пепелта и јагленосаните дрвја од околината.

Корисниците на социјалните мрежи ја нарекоа еднокатната куќа покрај океанот „Црвената куќа што ги преживеа пожарите на Хаваи“, давајќи ѝ квазимитолошки статус.

Очигледно се работи за зграда од понова градба, но сите се прашуваат од што биле нејзините ѕидови, кога успеале да се спротивстават на пламените јазици кои зафатиле cè околу неа.

Сцената потсетува на католичката црква Марија Ланакила во центарот на Лахаина, која сè уште стои меѓу урнатините.

Многу куќи беа уништени во пожарите кои однесоа најмалку 111 животи.

Католичката црква Ланакила, која постои од 1846 година, може да се види на видео објавено на TikTok како стои со витражот и структурата на кулата додека земјата околу неа тлее. Членовите на црковната заедница се огласија на Фејсбук за да изразат благодарност што зградата е спасена.

Се чини дека пожарите ги преживеало и 150-годишно банијан дрво во Лахаина.

Сè уште не е познато дали дрвото, кое било увезено од Индија во 1873 година, ќе преживее бидејќи е прилично јагленосано.

Бројот на загинатите во пожарот во моментов е 111, а повеќе од 1.000 жители сè уште се водат како исчезнати. Се стравува дека бројот на жртви ќе биде многу поголем.

Официјални лица во Мауи досега идентификувале само пет жртви. Властите во моментов именуваа само две лица како жртви – Роберт Дајкман (74) и Бади Јанток (79). Имињата на другите тројца сè уште не се откриени.

Имињата на неколку други жртви се дадени од пријатели и роднини, иако тие допрва треба да бидат запишани во официјалниот регистар.