Мит или вистина: Леплива лента преку устата за подобар сон

Овој тренд на TikTok кој за кратко време стана вирален сè уште зема замав, а оние кои го пробале тврдат дека им помага подобро да спијат. Тие исто така истакнуваат дека лепењето на лентата преку устата во текот на ноќта го поттикнува спиењето, го стимулира дишењето преку нос и го намалува ‘рчењето за време на спиењето. Хаштагот #mouthtaping досега собра над 25 милиони прегледи. Сепак, лекарите сметаат дека оваа „техника“ има многу несакани ефекти.

Поставувањето на лентата преку устата е „техника“ која вклучува залепување на усните со селотејп или фластер со цел да се стимулира дишењето преку нос. И додека tiktokers нагласуваат бројни подобрувања во дишењето и самиот сон, истражувањата сè уште укажуваат на несакани ефекти.

Спиењето е една од најважните работи во животот и квалитетниот сон обезбедува подобар квалитет на живот. Многу луѓе кои имаат проблеми со спиењето би направиле речиси сè за да се одморат повеќе, но лекарите велат дека лепењето на устата не треба да биде едно од нив.

Дали е навистина ризично спиењето со „залепена“ уста?

Специјалистот за медицина за спиење, доктор Федерико Сероне, од Atlantic Health System, признава дека лепењето со лента технички може да го намали ‘рчењето и дишењето од устата за време на спиењето, но вели дека ризиците постојат.

„Тоа е неверојатно опасно и се користи како брзо решение наместо да се третира основната причина“, нагласува експертот.

Спиењето со лента преку устата има ризици, како што се:

  • тешко дишење
  • егзацербација на апнеја при спиење и нејзините фактори на ризик
  • иритација или алергиски реакции на лентата
  • нарушување на спиењето

„Затнатиот нос може да предизвика човек да спие со отворена уста бидејќи му помага да дише“, објаснува д-р Алекс Димитриу.

Така, додека поборниците за селотејп преку устата може да кажат дека техниката помага при дишењето, експертите предупредуваат дека најверојатно ќе има спротивен ефект.

„Важно е да се забележи дека лежењето има тенденција да го блокира носот“, вели Димитриу. „Понекогаш луѓето ќе дишат добро преку нос кога стојат, а тешко дишат кога лежат. Ова се должи на акумулацијата на крв. Кога стоиме, повеќе крв се спушта до нозете, па така носот е помалку затнат.

Д-р Карлера Вајс предупредува дека иако лепењето селотејп може да помогне при работи како што се ‘рчењето, може да ја влоши и апнеата при спиење со тоа што ќе го отежне дишењето. Ова го става лицето на поголем ризик за опасностите директно поврзани со апнеја при спиење, вклучувајќи срцев удар и смрт.

Додава дека лентата може да иритира или да предизвика алергиска реакција на лицето и усните. 

Подобри начини за спиење

Добриот сон е од витално значење за физичкото и менталното здравје, но експертите нагласуваат дека постојат повеќе докажани начини за негово подобрување. Тие предлагаат промени во животниот стил и однесување:

  • будењето и легнувањето секој ден во исто време
  • создавање рутина пред спиење која се фокусира на релаксација
  • намалување на употребата на кофеин и алкохол повеќе од шест часа пред спиење, пишува Heltline.