Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, објавува дека денес имал средба со лидерот на Демократската партија на Албанија, Сали Бериша, на која разговарале за десничарските партии како сестрински на Балканот.
Денес се одржа важна средба со г-дин Сали Бериша, поранешен претседател и премиер на Република Албанија, како и поранешен претседател на Демократската партија.
Средбата беше можност за размена на мисли и ставови за актуелните политички и општествени процеси во регионот, како и за унапредување на соработката и разбирањето меѓу соседните народи.
Разговаравме и за предизвиците со кои се соочуваат демократските сили на Балканот, како и за потребата од зајакнување на европските вредности и стабилноста во регионот.