Мицкоски: Да не дозволиме одредени политички структури да ги искористуваат протестите за политички поени
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска пред новинарите од Радовиш зборуваше за организирањето на протести во нашата земја.
Мицкоски рече дека протестите се демократска алатка преку која се изразува незадоволството.
„Некои ќе се обидат да добијат политички поени преку овие протести. Јас поддржувам граѓаните да го изразат својот гнев преку демократски средства“, рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека ќе продолжат засилените контроли на терен.