Мицкоски: Загрижен сум поради уставните измени и отворањето на Преамбулата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во Кавадарци, рече дека е загрижен поради уставните измени и отворањето на Преамбулата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во Кавадарци, рече дека е загрижен поради уставните измени и отворањето на Преамбулата.

  • Јас сум загрижен од тоа што го добивам како информација од луѓето коишто ме брифираат. Комисија за уставни измени не знам зошто се формираше, бидејќи прво треба во Парламентот да се утврди за отворање на Уставот. Доколку тоа не се случи, не знам која би била улогата на ова комисија и овие скапо платени експерти, зошто ќе земаат месечни хонорари, нагласи Мицкоски.

Но, додаде Мицкоски, тоа што ме загрижува e дека не се зборува само за внесување на она минимално малцинство бугарско во Преамбулата на македонскиот Устав, туку се зборува и „за целосно редефинирање на Македонија на два народа”.

Тој додаде дека е многу важно во овој период премиерот Димитар Ковачевски „да остане достоинствен“ и „да не прави дополнителна штета на македонскиот идентитет“.