Мицкоски: За да се реши проблемот со загадувањето потребна е изградба на гасни постројки кои ќе траат до 3 години

Гасните постројки можат да го решат загадувањето, но тоа е процес кој ќе трае со години.

Премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за загадувањето, рече дека единствен начин да се намали загадувањето е промена на системот за греење на становите во периодот ноември-март, односно помалку фосилни горива, повеќе еколошки горива, вклучително и парното греење.

„За да се случи ова, потребно е да се изградат гасни постројки и се работи на изградба на гасни постројки. Еден од инвеститорите е заинтересиран за изградба на вакви електрани на гас, но за да почне со работа ќе бидат потребни најмалку 2 до 3 години, додека за изградба на топлинските цевки можеби 5 до 6 години“, рече Мицкоски.

Премиерот изрази жалење што досега ништо не е направено на овој план, додавајќи дека сега политичките глодари се обидуваат да поентираат на нивниот глодарски начин, но нема да успеат.