Мицкоски негира дека опозицијата стои зад протестите на пензионерите

 – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски негира дека опозицијата стои зад протестите на пензионерите.

Мицкоски, на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител,“ рече дека Владата треба сериозно да пристапи и да најде начин за барањето на пензионерите за линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари. 

– Проблемот што е настанат, не е инстант, туку проблем кој се таложел изминатите пет-шест години. Како политичари мора да најдеме начин да се обединиме и да им овозможиме достоинствен пензионерски живот, рече Мицкоски. 

Прашан зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не поднеле иницијатива за враќање на платите на функционерите, Мицкоски рече дека тоа не е сторено затоа што нивните иницијативи никогаш не биле прифатени. 

– Искуството вели дека секогаш кога ќе се поднесе иницијатива од опозицијата, таа се одбива. За неколку месеци ќе имаме друга влада. Ќе предложиме закон за враќање на платите на функционерите, рече Мицкоски.