Мицкоски: Нова инвестиција на Гентерм од 30 милиони евра и 300 нови вработувања

Американската компанија Гентерем ќе гради нов погон во Скопје, а инвестицијата ќе изнесува над 30 милиони евра со планирано вработување на 300 нови вработени, информира на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски.

Во погонот ќе се произведуваат високо интегрирани системи за автомобилската индустрија со нова технолошка опрема, автоматизиани линии и современо производство.

„Со особено задоволство ја објавувам новата инвестиција на Гентерм- глобален лидер во автомобилската индустрија, кој покрај веќе постоечката во Прилеп започнува со својот план за процесот на проширување на своето производство токму овде. Ова значително ќе го зголеми извозот и ова високо технолошко призводство ќе значи дека сме конкурентни и на тој сегмент. Со тоа стануваме регионален хаб на Гентрем за Европа,“ изјави Мицкоски.

Тој истакна дека ова не е само уште една иинвестиција, тоа е двигател на нашата економија.

„Со вакви проекти расте индустриското производство, се отвораат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија . Расте вредноста на македонското знаење, умеење и труд“, рече премиерот.

Тој додаде дека резутатите од инвестициите веќе се видливи.

„Минатата година година ја завршивме со рекордно највисоко ниво на странски директни инвестиции над 1,2 милијарди евра. Никогаш досега во историјата немало ваков прилив на капитал. Во првите месеци од годината расте индустриското производство, а во мај е постигнато највисоко историско ниво на раст во последната деценија од 9,4%. И тоа не се само зборови. Тоа се реални бројки, резултат на доербата што инвеститорите го имаат во овој нов политички амбиент“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека ќе треба извесно време ова да се почувствува и во реалната моќ на граѓаните.

„Правиме сѐ тоа да биде што побрзо и тој период да биде што е можно пократок. Во време кога владите трошеа енергија на корупција, на непотизам и на лажни ветувања, ние градиме реално, отвораме фабрики, носиме инвеститори, креираме иднина. Се бориме за секој инвеститор – домашен и странски. За секоја нова хала, секое ново работно место, секој денар инвестиран овде. Економијата не се води со пароли, туку со проекти, со партнерства и со сигурни инвестиции“, рече Мицкоски.

Американскиот Гентерм официјално ја отвори својата фабрика, инвестиција во вредност од 20 милиони евра, во Технолошко-индустриската развојна зона Прилеп во 2016 година.

Гентерм е лидер во областа на термални технологии. Креира, развива и произведува уреди за греење, ладењеи вентилација за клиенти од целиот свет.

Компанијата е препознатлива по вложувањето иновации, надградба и подобрување на термалната технологија на новорастечките пазари, а нејзините производи се користат најмногу во автомобилската индустрија.