Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешниот говор во рамки на Самитот Македонија 2025 што се одржува во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање дали има доволен број пратеници за формирање влада, нагласи дека ВМРО – ДПМНЕ консолидирала 61 пратеник, но продолжуваат разговорите со потенцијалните идни коалициски партнери како што е коалицијата ВЛЕН.
„Па, да, можам да кажам дека како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Ваша Македонија“ ги затвораме разговорите со некои пратеници кои не се дел од нашата коалиција и можам да кажам дека во овој момент успешно консолидиравме 61 пратеник. , рече Мицкоски.
„Не можам да зборувам за детали, но многу брзо од денеска ќе ги дознаете деталите со оглед на тоа дека ситуацијата е чувствителна, но она што можам да го кажам е дека коалицијата „Ваша Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието дополнително на ова за 58 пратеници кои самата коалиција ги има автентично и чекаме одлука на управниот суд да видиме што ќе биде со ИЕ 5 и 6, со задоволство можам да кажам дека консолидиравме точно 61 пратеник, но ова е нема да не привлече на разговори со потенцијалните идни коалициски партнери како што е коалицијата ВЛЕН“, нагласи Мицкоски.