“МИ БЕШЕ ПОЗНАТ…“ – Сулувач кој избегал од судот за време на паузата за ручек, се криел 8 години, а потоа бил пронајден на најбизарен можен начин…
Силувач, кој избегал од судот за време на паузата за ручек на судењето, е фатен по осум години во бегство кога германската полиција го препознала на серијата „Crime Watch“ – британската серија која рекреира големи нерешени злосторства.
Откако го препознале Сарбаз Најмаден Али (36 г.), силувачот бил екстрадиран во Франција за да се соочи со правдата за сексуалните напади што ги извршил таму, пишува Daily Mail.
Тој бил осуден на една година затвор во Франција, а веднаш штом бил ослободен, е вратен во Велика Британија, каде што е затворен на седум години затвор за силување и сексуален напад извршени во 2013 година. Во 2014 година, тој бил осуден во отсуство за силување, обид за силување и други три точки од обвинението за сексуален напад врз 33-годишен познаник.
За време на судењето, злосторникот добил пауза, што му овозможило накратко да ја напушти обвинителната клупа за време на паузата за ручек. Силувачот не ја дочекал пресудата бидејќи побегнал, па судот го осудила во отсуство. За апсењето на Али била распишана потерница, но тој не бил пронајден.
Али, кој живеел во Источен Сасекс, бил уапсен во Регенсбург, Германија, откако полицаец го препознал од фотографиите на серијата „Crime Watch“.
„Ми беше познат“, изјавил полицаецот. По отслужувањето на казната во Франција и враќањето во Велика Британија, тој е осуден на седум години затвор.
Поради пресудата во Франција, нему му е забранет пристап до деца под 16-годишна возраст.
„Ова покажува дека полицијата во Сасекс ќе направи се што може за да ги врати опасните криминалци како Али во Велика Британија за да се соочат со правдата“, изјавил полицискиот истражител Џулијан Стоукс за Daily Mail.