Младата БХ Пејачката Еми Трнка го претстави новиот сингл „Losing Myself to You“(Видео)

Еми Трнка, младата авторка, го претстави својот најнов сингл наречен „Losing Myself to You“.
Оваа песна, која е нејзин деветти сингл по ред досега, пренесува силна емотивна порака преку необичен текст.

Еми, студентка на Музичката академија во Сараево, веќе е позната по нејзиниот автентичен пристап кон музиката, каде што самата пишува текстови, компонира и продуцира песни.

За миксот и мастерингот е задолжен нејзиниот татко, Мухамед Трнка, познат музичар, што ја прави оваа соработка особено блиска и квалитетна.

Песната „Losing Myself to You“ го отсликува нејзиниот уникатен стил на алтернативен поп, создавајќи незаборавно звучно искуство.

Во моментов, Еми ги унапредува своите знаења и вештини на размена во Будимпешта во академијата Ференц Лист, што и носи нови искуства и инспирација за идни проекти.