Младата трудница Александра почина со големи болки: Срцето на бебето престанало да чука, докторот ја одложил киретажата – неговата ординација демолирана (фото)

Александра, која била во 13-та недела од бременоста, на 17 август вечерта се пријавила во ГАК поради силни болки и крварење и покрај континуираните молби лекарите не направиле ништо, а по седум часа Александра со обилно крварење од носот и устата, била префрлена во шок соба каде и покрај реанимацијата починала.

Речиси пет милиони евра ќе се инвестираат во болницата во романскиот град Ботошани, каде пред десет дена почина бремената Александра Иванов (25), а лекарите ја оставија сама седум часа иако беше констатирано дека фетусот е мртов.

Како што соопштија надлежните, ќе се реновираат 4 и 5 кат, како и приемното одделение на Гинеколошко-акушерската клиника. Во исто време, граѓаните со денови организираат протести во Ботошани, Букурешт и Темишвар поради трагичната смрт на младата трудница, која зад себе ги остави сопругот и трите мали деца.

Да потсетиме, вечерта на 17 август Александра дошла во болница поради силни болки и крварење. Ипокрај континуираните молби лекарите не направиле ништо, а по седум часа Александра била префрлена во шок соба, со обилно крвавење од носот и устата, каде и покрај реанимацијата, починала.

За време на приемот, кај Александра било утврдено дека има висок крвен притисок и пулс, како и дека чукањето на срцето на бебето престанало. Лекарот кој ја следел нејзината бременост не бил во болница. Иќ

И покрај бројните пораки што му ги праќала, тој не и’ одговорил, а не одговорил ниту дежурниот лекар во болницата, кој решил да не ја прави киретажата веднаш туку следното утро.

„Не беше неопходно тоа да се прави во текот на ноќта. Крварењето не беше обилно, грлото на матката беше затворено, немаше знаци на спонтан абортус“, тврдеше дежурниот лекар за време на неговото сведочење.

Истрагата покажала дека на Александра во 00:45 и’ било дадено седатив и инфузија, а никаков третман не добила дури до 7 часот и 35 минути кога доживеала шок.

Во петокот, на 18 август, нешто пред 08:00 часот, лекарите констатирале смрт на младата мајка.

Деталите за овој трагичен случај, како и содржината на пораките што Александра, сопругот, мајката и пријателите им ги испратиле на докторите ја шокираа јавноста во Романија и пошироко, а нејзините сонародници сега бараат правда.

,,Дојдов со силни болки и крвавење. За жал, бебето престана да се развива. Кажете ми, има ли шанси сè да биде готово вечерва? Не можам повеќе да ја издржам болката. Ме боли како да се пораѓам, ве молам помогнете ми”, му пишала Александра на докторот кој ја следел нејзината бременост, но не одговарал на нејзините повици и пораки.

„Не можам да дишам“, била една од последните пораки што Александра им ги испратила на членовите на семејството, односно на нејзината мајка. Овие четири шокантни зборови можат да се видат на транспаренти и да се слушнат од устата на луѓето кои протестираа за смртта на Александра во последните денови.

„Тоа е хорор филм, па не им е грижа. Можам да кажам дека ова е злосторство, необично злосторство. Да знаев, можеби ќе можев да направам нешто. Рано наутро дознав од мајка ми дека е примена во болница пред полноќ. По 10-тина минути повторно ми се јави мајка ми да ми каже дека нашата Александра веќе ја нема“, изјави Влада, братот на трагично загинатата трудница.

Медиумите јавуваат дека е демолирана приватната ординација на докторката која не се јавила на повиците на Александра.

Влада претходно изјави дека Александра три пати се пораѓала во ГАК Ботошана и дека секој пат истата докторка ја следела бременоста.

,,Виновни се докторот кој работи во таа болница и дежурниот лекар кој не сакаше да мрдне со прст. Таа праќаше толку пораки, толку пати се јави. Можеше да се јави и да каже „зошто ме малтретираш толку доцна’ и јда а спушти слушалката…“, заврши Влада.