МЛАД ТИКТОКЕР ОД БИХ ПРОНАЈДЕН МРТОВ! Последното видео објавено непосредно пред трагедијата: Зошто не ми кажа брат што те мачи? (ВИДЕО)
Ервин Бегиќ, млад инфлуенсер по потекло од БиХ, е пронајден мртов во Грац.
Младиот човек, кој на социјалните мрежи е познат како Erwin_Beg, често на својот профил објавува снимки од луксузниот живот и како вози скапи автомобили.
Медиумите во БиХ неофицијално наведуваат дека Бегиќ (23) се самоубил во средата.
Тој го објави последното видео истиот ден кога бил пронајден мртов. Бегиќ на својот профил објави дел од песната „Ме лажеш“.
Роднините и пријателите на младиот човек на социјалните мрежи се збогуваат со Бегиќ и ги објавуваат неговите последни пораки. Никој не се ни посомневал во трагедијата.
– Во другиот свет, брат, пак ќе се сретнеме – вели еден млад човек.
– Зошто, брат мој, зошто не му кажа на брат ти што те мачи. Ништо не е повредно од животот.– напишал еден корисник.
– Нека ти е лесна земјата, брат мој, веќе ми недостигаш. Како ќе бидам без тебе – гласи една порака.
– Не е среќа во полни торби со пари. Тие што го имаат тоа го знаат – напишал еден корисник.
Младиот човек позади себе ги оставил родителите и сестрата.