Повеќе од осум години откако беше пријавен за исчезнат, млад човек од Тексас беше пронајден жив овој викенд – со исеченици, модринки и крв во косата.
Рудолф Фарајас последен пат бил виден на 6 март 2015 година, кога имал само 18 години. Во моментот на исчезнувањето, организацијата за исчезнати и неидентификувани лица NamUs рече дека Рудолф го шетал своето куче во североисточниот кварт на Хјустон.
Во саботата Тексас Центарот за исчезнати лица објави на Твитер дека Рудолф е „пронајден безбеден“ и се опоравува во болница.
Неговата мајка изјави за локалната ТВ станица КТРК дека некој повикал полиција откако го нашол без свест надвор од црквата.
– Имаше исеченици и модринки по целото тело и крв во косата – изјавила мајката на Рудолф.
Таа рече дека се обиделе да разговараат со него, но тој кажал само неколку зборови и се свиткал во фетусна положба. Мајката рече дека ќе му треба долго закрепнување, но е благодарна што нејзиниот син бил пронајден жив.